Ekip
24 Октомври 2016•Ажурирај: 25 Октомври 2016
МЕРСИН (АА) - Во Мерсин се притворени 12 лица, од кои 3 жени, членови на сепаратистичката терористичка организација ПКК кои се подготвувале да изведат бомбашки напад. При операцијата се пронајдени голем број веќе монтирани запалки за бомби, далечински управувачи и големо количество експлозив.
Според добиените информации, за откривање на активностите на терористичката организација ПКК, заедичка акција спровеле екипите на полицијата на Мерсин и Регионалната дирекција на Националната организација за разузнавање. Тие го следеле лицето Медине А., кој во руралните делови бил обучуван за бомбашки напади, за бомбаш-самоубиец и за изведување атентат.
При приведувњето на осомничениот Медине А. биле притворени и две сомнителни жени што соработувале со него.
Операцијата била проширена, и биле притворени уште 5 лица кои го засолнувале осомничениот Медине А.
Кај притворените, во нивните чанти, автомобили и домови биле пронајдени голем број веќе монтирани запалки за бомби, далечински управувачи и големо количество експлозив.
Во меѓувреме, откриено е дека осомничените лица, кои во градот дошле од руралните делови на Ширнак и Сирт, ги набљудувале полициската станица во Мерсин, канцеларијата на единиците за брзи интервенции, канцеларијата за регионална сообраќајна контрола, Командата на ll жандармерија, места со голем проток на луѓе и некои трговски центри.
Од друга страна, во други операции за елиминирање на можни напади од страна на сепаратистичката терористичка организација ПКК биле притворени 4 нејзини членови, од кои една жена имала фалсификувани документи.