Mücahithan Avcıoğlu
03 Јули 2026•Ажурирано: 03 Јули 2026
Турција достигна рекордно ниво на извоз од 278 милијарди долари на годишно ниво, соопшти денес министерот за трговија Омер Болат, јавува Анадолу.
„Во последните 12 месеци првпат достигнавме 278 милијарди долари извоз“, рече Болат на прес-конференцијата во Истанбул.
„Извозот на земјата во јуни порасна за 21,9 отсто во однос на истиот период лани, приближувајќи се до 25 милијарди долари, што претставува највисока бројка за извоз во јуни на сите времиња,“ додаде тој.
Болат истакна дека годишниот извоз на стоки и услуги на Турција до крајот на јуни првпат во историјата на земјата ја надмина границата од 400 милијарди долари.
Увозот во јуни изнесуваше 35,3 милијарди долари, што е зголемување за 23,1 отсто во споредба со истиот месец минатата година.
Во меѓувреме, надворешниот трговски дефицит изнесуваше околу 10,3 милијарди долари, а стапката на покриеност на увозот со извоз беше приближно 70,8 отсто.
Болат нагласи дека најновите податоци покажуваат оти Турција продолжува да го проширува својот капацитет за извоз и покрај предизвикувачките услови во глобалната трговија.