Diyar Güldoğan
12 Јануари 2016•Ажурирај: 12 Јануари 2016
АНКАРА (АА) - Триесетина лица нелегално прислушкувале илјадници турски официјални лица, политичари и новинари, се приведени рано утринава во симултани операции низ целата земја, јавува Anadolu Agency (АА).
Анти-терористичката единица на полицијата од Анкара раководеше со операцијата во над 10 покраини, вклучувајќи ја и Анкара, Измир и Кајсери, по барање на Главниот јавен обвинител од Анкара, кажаа безбедносни извори за АА.
Осомничените се товарат дека илегално ги прислушкувале комуникациите на 432 лица, вклучувајќи бизнисмени, новинари и политичари од владеачката Партија за правда и развој (AK Party), Републиканската народна партија и Партијата за национално движење.
Речено е дека се прислушкувани и членови од турските вооружени сили, Регулаторното енергетско тело, Банкарската регулатива, Агенцијата за супервизија како и Уставниот.