Muhammed Boztepe
12 Ноември 2019•Ажурирај: 12 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека петтата турско-руска копнена патрола во подрачјето на Ајн ал Араб (Кобане) во подрачјето источно од реката Еуфрат, Сирија, продолжува со потребната внимателност, и покрај провокациите на провокаторите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството, во рамки на Договорот постигнат меѓу Турција и Русија во Сочи на 22 октомври 2019 година, во тек се заедничките патроли на двете земји.
„И покрај провокациите на провокаторите, петтата турско-руска копнена патрола во подрачјето на Ајн ал Араб продолжува да се спроведува, покажувајќи потребна внимателност за безбедноста на нашиот персонал и населението“, се наведува во ова соопштение.