Zehra Nur Çelik
15 Октомври 2026•Ажурирано: 15 Октомври 2026
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес се сретна со рускиот колега Сергеј Лавров на маргините на самитот на Конференцијата за интеракција и мерки за градење доверба во Азија (ЦИКА), кој се одржува во Баку, главен град на Азербејџан, јавува Анадолу.
Подоцна Фидан се сретна и со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, на маргините на самитот, соопштија дипломатски извори.
Еднодневниот самит, чиј домаќин е Азербејџан во својство на актуелен претседавач со ЦИКА, ги обединува претставниците на земјите членки, земјите набљудувачи и партнерските меѓународни организации.
Во фокус на разговорите се регионалната соработка, поврзаноста, дигитализацијата и одржливиот развој во рамките на азербејџанското претседавање со организацијата.
Се очекува на самитот да бидат усвоени Декларацијата од Баку и изјавата за соработка во областа на безбедноста и здравјето при работа, како и да биде објавено вклучувањето на Лаос како нова членка.