Enes Duran
01 Јуни 2020•Ажурирај: 03 Јуни 2020
АНКАРА
Министерката за трговија на Турција Рухсар Пекџан изјави купувањето на турската компанија за игри „Peak Games“ од страна на „Zynga“, претставува гордост за компаниите кои постигнале голем успех во извозот на дигиталните игри, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерката Пекџан на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша дека компанијата „Peak Games“ која е поддржана од страна на министерството и стана една од најзначајните играчи во овој секотор е купена од „Zynga“.
Во својата објава министерката Пекџан напиша „Голема гордост за нас претставуваат компаниите кои постигнаа голем успех во извозот на компјутерски игри. Со нашата поддршка стоиме зад овој сектор.“