Müzahim Zahid Tüzün
06 Април 2023•Ажурирај: 07 Април 2023
КАЈСЕРИ (АА) - Најмалку три лица загинаа, а 19 се повредени во сообраќајна несреќа во Кајсери, Туркије, јавува Анадолу.
Патничкиот автобус се преврте во подрачјето на Пинарбаши, а меѓу загинатите има и дете.
Несреќата се случила кога возачот на патнички автобус на општина Багџилар во Истанбул изгубил контрола над возилото.
На местото на несреќата се пратени голем број амбулантни возила, пожарникари и полициски екипи.
Повредените со возила на брза помош се пренесени во болниците во Кајсери, Пинарбаши и Сариз.