Ahmet Gençtürk
26 Јуни 2026•Ажурирано: 26 Јуни 2026
Словенија и Турција денес ја потврдија својата подготвеност за натамошно унапредување на билатералните односи, пренесува Анадолу.
Словенечкото Министерство за надворешни работи соопшти на платформата X дека министерот за надворешни работи Тоне Кајзер се сретнал со турскиот заменик-министер за надворешни работи Мехмет Кемал Бозај на маргините на Дубровничкиот форум во Хрватска.
„Изразија интерес за подготовка на нов акциски план за дополнително зајакнување на турско-словенечкото стратегиско партнерство и унапредување на економската соработка“, објавено е на Х.
Кајзер и Бозај исто така разменија мислења за актуелни надворешнополитички прашања.
„Дијалогот, соработката и дипломатијата остануваат единствениот пат кон мирно решавање на конфликтите“, изјави словенечкиот министер.
Во 2011 година, двете земји потпишаа договор за стратегиско партнерство за време на посетата на тогашниот словенечки премиер Борут Пахор.
Оваа рамка придонесе за зајакнување на политичкиот дијалог, економската соработка и контактите меѓу граѓаните.
Таа беше продолжена во 2024 година со нов акциски план за периодот 2024–2026, а двете страни во март 2026 година ја одбележаа 15-годишнината со заеднички изјави во кои ги истакнаа мирот, стабилноста и просперитетот.