Mehmet Tosun,Barış Gündoğan
01 Декември 2016•Ажурирај: 02 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на АК партијата и Премиер на Турција Бинали Јилдирим во палатата во Чанкаја се сретна со претседателот на Партијата за национално движење Девлет Бахчели, јавува Anadolu Agency (AA).
Средбата траеше околу 1,50 час и се одвиваше зад затворени врати. По средбата Јилдирим и Бахчели одржаа заедничка прес-конференција.
- „Преговорите дојдоа до одредена зрелост”
Премиерот Јилдирим рече дека малата уставна измена постојано се наоѓа на дневен ред на јавноста во Турција.
Тој потсети дека АК партијата и МХП продолжуваат со својата соработка околу измената на Уставот, и додаде: „Преговорите дојдоа до одредена зрелост и потребно е уште еднаш да се прегледаат пред крај, по што се надеваме дека идната недела, во име на АК партијата, ќе ги претставиме пред Големото народно собрание на Турција (ГНСТ)”, изјави Јилдирим.
Премиерот и претседател на АК партијата Јилдирим, истакна дека потоа следи периодот на волјата на Собранието и за да започне периодот за референдум, потребно е повеќе од 330 претставници во Собранието да гласаат за предлогот.
Премиерот Јилдирим рече дека референдумот е одлука на народот и продолжи со зборовите:
„Се надевам дека ќе биде одлука за доброто на нашата земја и народ. Не сакаме повеќе да губиме време со системските расправии кои се на дневниот ред во земјата. Познати се измените кои се посакуваат да се направат. Во 2007 година во Уставот на земјата се внесе дека претседателот на земјата ќе го избира народот, и на изборите победи почитуваниот претседател Реџеп таип Ердоган, кој стана првиот претседател на Турција избран по пат на избори. Потребно е сегашниот Устав до одредена мерка да одговара со сегашната состојба. Се подразбира дека тоа ќе биде одлука за нашата иднина, за политичката стабилност, и затоа е потребно поточно одредување на границите на извршната и законодавната власт, зајакнување на парламентот, и обезбедување на стабилност и безбедност на извршната власт. Се надевам дека се ќе биде за доброто на народот”.
- „АК паријата измените на Уставот ќе ги претстави како сопствен предлог”
На новинарско прашање „Дали комуникацијата на Претседателот на државата ќе биде ограничена или ќе биде на ниво на лидер на партијата?”, премиерот Јилдирим одговори: „Со оваа измена, доколу биде усвоена, претседателот продолжува со своитекомуникции со матичната партија. Постоечкиот Устав налага 'прекин на врските со партијата'. Наместо тоа измената ќе биде 'ја продолжува врската со партијата'. Тоа е сѐ”.
На прашањето „Дали врз предлогот кој ќе го даде АК Партијата ќе стои потписот на партијата МХП?”премиерот Јилдирим рече: „Не, АК партијата ова ќе го приложи како сопствен предлог. Се подразбира дека за предлогот кој ќе го предложиме се согласи МХП. Затоа и и парламентарните средби ќе се спроведат споед тоа”.
Премиерот Јилдирим беше запрашан дали по референдумот ќе има нови избори и дали во пакетот измени станува збор за измена на бројката на пратеници и членови во врска со изборниот праг? Пемиерот на Турција Јилдирим одговори дека во уставните измени нема никакви промени во Изборниот закон.
- „Можно е да се одржи референдум”
На прашањето за датумот на референдумот, премиерот Јилдирим изјави: „Се подразбира дека по завршувањето на средбите во парламентот, според законот кој е многу јасен, во рок од 60 дена можен е референдум. Затоа по завршувањето на работите во собранието и неговото прифаќање од страна на Собранието, можно е да се додадат уште 60 дена. Доколу сѐ оди по одреден тек, тогаш пред почетокот на летото, можна е таква состојба. Избори нема да има. Скоро имаше избори. Не е потребно ниту да се троши времето, ниту парите на граѓаните. Пред нашата земја, покрај напорите за нејзиното издигнување и нејзин поголем раст стои и значајната борба против членовите на терористичката организација на Фетула (ФЕТО), која стана национален националниот проблем кој го имаме во земјата и надвор од неа.”
Претседателот на партијата МХП, Девлет Бахчели на прес-конференцијата изјави: „Се надевам дека во кусо време пред Собранието на Турција ќе биде предаден нацрт-предлогот. Откако тој ќе биде даден на разгледување во Собранието, и добие позитивно светло од него, се надевам дека тој ќе донесе позитивни резултати за нашата земја”.