Hayati Akçay
13 Јуни 2016•Ажурирај: 14 Јуни 2016
ОРДУ (АА) – Турската Црвена полумесечина и Светската програма за храна на ОН започнаа да ја спроведуваат акцијата „Картичка за храна на Црвената полумесечина”. Од оваа акција корист имаат околу 250.000 Сиријци, од кои околу 150.000 се сместени по камповите, јавува Anadolu Agency (АА).
„Најбитното е зачувувањето на човековата гордост. Сопствениците на картичката на Црвената полумесечина, ќе можат да си купуваат храна надвор, и при тоа луѓето наоколу нема да знаат дали се тие сиромашни или богати“, рече Керем Киник, претседателот на Турската Црвена полумесечина, во разговор со дописникот на АА, истакнувајќи дека картицата за храна е доделена во знак на хуманитарна помош.
Киник додаде дека сопствениците на картичката ќе можат да пазарат во определени маркети, со кои имаат склучено договор.
„Сметам дека со оваа картичка го решивме проблемот на мигрантите, особено на оние кои престојуваат во Турција. Црвената полумесечина повремено ќе врши парично надополнување на картичките. Токму поради тоа, сопствениците на оваа картичка никогаш нема да бидат оставени на цедило“, рече тој.
Вкупниот број на Сириски мигранти, кои ја користат поволноста со картичките, според Киник, изнесува 250.000 лица, од кои 150.000 се внатре во камповите, а 100.000 се лица кои престојуваат надвор од нив.
„Ова претставува еден нов модел на хуманитарна помош. Во моментот имаме договор за соработка со 34 до 35 ланци на маркети. Миграните од Сирија се во можност да се снабдат со храна за своите потреби во било кој од наведените маркети“, рече Киник.
- Акција за помош на граѓаните, жртви на тероризмот -
Првичната цел на имплементацијата на картичката за храна, според Киник, е опфаќање на 30 илјади семејства, погодени од тероризмот, кои имаат потреба од помош од страна на Црвената полумесечина, особено земајќи го предвид фактот дека е месец Рамазан.
Според Киник, картичката за храна на Црвената полумесечина во Турција ќе може да биде користена и при природни катастрофи.
„Ние сме подготвени инфраструктурно за таква можност. Во состојба на евентуална катастрофа би можеле да обезбедиме илјадници луѓе со вакви картички. Се надевам дека во нашата држава нема да дојде до некаква катастрофа, но како и да е ние сме подготвени за евентуално користење на картичките при таква состојба“, истакна Киник.
Киник се надева дека во иднина помошта која ќе пристигнува од филантропите, ќе насмее многумина на кои им е најмногу потребна и истакна дека очекува продолжување на давањето помошт од страна на Црвената полумесечина.