Sarp Özer
25 Април 2023•Ажурирај: 26 Април 2023
АНКАРА (АА) – На четирилатералната средба во Москва меѓу Туркије, Русија, Иран и Сирија се разговараше за зајакнување на безбедноста во Сирија, соопшти турското Министерство за национална одбрана, пренесува Анадолу.
На средбата за Сирија стана збор за конкретните чекори што може да се преземат за нормализирање на односите меѓу Туркије и Сирија, се вели во соопштението на Министерството.
Изјавата дојде откако турскиот министер за национална одбрана, Хулуси Акар, и шефот на Националната разузнавачка служба на Туркије (МИТ), Хакан Фидан, присуствуваа на состанокот со неговите колеги во главниот град на Русија, Москва.
„На четирилатералниот состанок за Сирија се разговараше за борбата против терористичките организации и сите екстремистички групи на сириска територија“, се додава во соопштението.
Шефовите на одбраната и разузнавањето на Туркије, Русија, Иран и Сирија разговарале и за засилување на напорите за враќање на сириските бегалци во нивната земја.
Страните, исто така, го повторија своето почитување за територијалниот интегритет на Сирија.
„Како резултат на состанокот, што се одржа во конструктивна атмосфера, беше нагласена важноста од продолжување на состаноците во четирилатерален формат за обезбедување и одржување на стабилноста во Сирија и регионот во целина“, се вели во соопштението.