Давутоглу за борбата против Даеш: Потребна е опсежна стратегија
Турскиот премиер, Ахмет Давутоглу, тврди дека во борбата против терористичката организација Даеш неопходна е обединета стратегија која вклучува и воздушни и копнени акции, но дека Турција не може самостојно да го преземе сиот товар на таа борба????? ??????????-???????
10 Ноември 2015•Ажурирај: 11 Ноември 2015
АнкараАНКАРА (АА) - Турскиот премиер, Ахмет Давутоглу, тврди дека во борбата против терористичката организација Даеш неопходна е обединета стратегија која вклучува и воздушни и копнени акции, но дека Турција не може самостојно да го преземе сиот товар на таа борба, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во разговор со новинарката на CNN, Кристијан Аманпур, Давутоглу ги коментираше актуелните регионални и глобални прашања. Коментирајќи го неодамнешниот пад на рускиот патнички авион во Египет, за што одговорност презеде Даеш, челникот на турската Влада, Давутоглу, кажа дека тоа е голем злочин направен против целото човештво. На прашањето дали Турција ќе покрене копнена офанзива против Даеш во Сирија, Давутоглу рече дека во однос на прашањето за копнена интервенција во Сирија мора сите да седнат и да разговараат.
„Тоа е прашање које бара дијалог со сите сојузници. Потребна ни е целокупна стратегија која вклучува и воздушни и копнени акции. Меѓутоа, Турција не може сама да го преземе сиот товар. Турција е подготвена да ја преземе секоја потребна улога, доколку постои коалиција и договорена целокупна стратегија на борбата“, рече Давутоглу.
Давутоглу потврдно одговори на повтореното прашање дали таа подготвеност вклучува и подготвеност за копнена интервенција и додаде дека за решение на сириското прашање потребно е опсежно решение.
"Ние скоро секојдневно, во рамките на коалицијата, изведуваме воздушни напади на позициите на Даеш, но тоа не е доволно. Ја следиме ситуацијата. Ние пак го повторуваме предлогот кон сојузниците за воспоставување сигурна зона за да ги турнеме Даеш подалеку од нашите граници“, кажа Давутоглу.
Шефот на турската Влада, Давутоглу, истакна дека Турција е спремна да ги поддржи САД во намерата за помагање и вооружување на Курдите кои се борат против Даеш, но дека е неприфатливо вооружување на групи поврзани со терористичката организација ПКК.
„Мора сите да сфатат дека ПКК е терористичка организација која изведува напади врз нашите градови, села и народ и нема никогаш да дозволиме и ќе ги преземеме сите потребни мерки за да го спречиме пружањето било каква помош на групите во Сирија и Ирак кои се поврзани со ПКК“, порача Давутоглу.
Осврнувајќи се и на парламентарните избори одржани на 1-ви ноември и големата победа на Партијата на правдата и развојот (AK Parti) во Турција, Давутоглу кажа дека турската власт паралелно водела антитерористичка борба и спроведувала економски реформи, а клучот за изборниот успех на неговата политичка опција биле искреноста, умереноста и стабилноста која им ја покажале на бирачите.