Турција

Асоцијацијата за турски јазик го избра изразот „дигитална совест“ за термин на 2025 година

Според Асоцијацијата, совеста се дефинира како чувство што го поттикнува човекот да ги проценува сопствените постапки и да размислува за моралните вредности, но во дигиталната ера таа добива поинаква димензија

Kanyshai Butun  | 29.12.2025 - Обновена : 29.12.2025
Асоцијацијата за турски јазик го избра изразот „дигитална совест“ за термин на 2025 година

ИСТАНБУЛ (AA) – Асоцијацијата за турски јазик (TDK) го избра изразот „дигитална совест“ за збор на 2025 година, соопштија денес оттаму, јавува Анадолу.

Според ТДК, совеста се дефинира како чувство што го поттикнува човекот да ги проценува сопствените постапки и да размислува за моралните вредности, но во дигиталната ера таа добива поинаква димензија.

„Луѓето често имаат тенденција да си ја ‘олеснат совеста’ преку споделување или лајкување објави на социјалните мрежи за прашања за кои во реалниот живот не преземаат, или не сакаат да преземат, одговорност. Оваа состојба ја пасивизира индивидуалната чувствителност и ја сведува совеста на ‘клик-акција’“, се наведува во соопштението на ТДК.

Асоцијацијата посочува дека интернет-корисниците може да чувствуваат дека ја исполниле својата „хуманитарна должност“ преку лајкови, споделувања и коментари, со што чувствата на сочувство и правичност се ограничуваат на симболична видливост.

„Затоа, поимот ‘дигитална совест’ треба да го заземе своето место во нашиот јазик како неопходен концепт што ја опишува оваа нова, често измамлива функција што совеста ја има во дигиталната средина на нашето време“, се вели во соопштението.

Според ТДК, дигиталната совест ги спречува луѓето да создаваат конкретни решенија пред реалноста, со што проблемските области дополнително се прошируваат и продлабочуваат.

Министерот за култура и туризам на Турција, Мехмет Нури Ерсој, денес на социјалната мрежа Х соопшти дека зборот е избран преку учество на јавноста, при што биле регистрирани околу 300.000 гласови.

„‘Дигитална совест’ се истакнува како моќен концепт што ги одразува нашите индивидуални и општествени чувствителности“, нагласи Ерсој, додавајќи дека совеста во дигиталната ера сè повеќе се сведува на обичен „клик“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.