Sarp Özer
21 Февруари 2020•Ажурирај: 21 Февруари 2020
ХАТАЈ (АА) - Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, денеска, заедно со командантите на Армијата го посети Центарот за тактички команди во Хатај, од каде што се водат и управуваат активностите на турскиот персонал на должност во Идлиб, јавува Агенција Анадолија (АА).
Хулиси Акар, во Центарот за тактички команди, информирајќи се за најновата ситуација во регионот, со персоналот во Идлиб разговараше преку безжичен телефон.
Персоналот на должност во Идлиб, во разговорот со Акар истакна дека тие се секогаш подготвени за задачи. На тоа Акар одговори: „Веруваме дека ќе покажете ист успех и во оваа активност.“
Персоналот го информира министерот Акар дека припадниците на режимот кои продолжиле со своите напади во регионот, во спротивност со договорите, започнале да ги користат како седиште џамиите и црквите во регионот.
Акар, во рамките на посетата, нагласи дека Турските вооружени сили ги исполниле своите одговорности кон благородната нација.
„Во моментов, херојските припадници на нашите вооружени сили и внатре во земјата и надвор од неа, покажаа и продолжуваат да покажуваат максимални напори за одбрана на својата земја и нација. Ние имаме доверба во Турските вооружени сили и веруваме дека ќе бидат успешни. Ние тука од една страна сме на воена задача за осигурување на безбедноста на нашата граница, од друга страна имаме една хуманитарна задача со која се обидуваме да ги спасиме животите на милиони невини луѓе“, нагласи министерот Хулуси Акар.