Ekipa
10 Мај 2018•Ажурирај: 11 Мај 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - ХАЛИЛУР РАХМАН САЛАХШУР - Генералниот конзул на Авганистан во Истанбул, Зекерија Баракзеј, ги негираше тврдењата на меѓународната организација „Amnesty International“ (Амнести интернешенал - АИ) за наводното лошо однесување на полицијата со авганистанските бегалци во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Конзулот Баракзеј за АА изјави дека реалноста е многу поинаква од она што го тврди „Amnesty International“, давајќи невистини дека полицијата лошо се однесува со авганистанските бегалци во Турција и дека наводно под присила ги тера да потпишуваат документи на турски јазик за да бидат вратени во матичната земја.
„Тврдењата на „Amnesty International“ дека турската полиција лошо се однесувала кон авганистанските бегалци, принудувајќи ги да потпишат документи на турски јазик и дека со присила ги враќаат во Авганистан, се невистина“, изјави Баракзеј.
Авганистанските бегалци, кои по илегални патишта влегле во Турција, како што истакна Баракзеј, под надзор на авганистанските дипломати ги потпишуваат документите за враќање во земјата на дариски и англиски јазик. „Тврдењата дека авганистанските бегалци со присила се враќаат назад се вистини. Сметаме дека е неприфатливо што трети земји се обидуваат авганистанските бегалци да ги користат како политички материјал“, истакна конзулот Баракзеј.
Тој изјави дека во изминатите денови е забележан зголемен прилив на авганистански бегалци, што според него се должи на дејствување на одредени криумчарски кругови во Иран, кои бегалците ги пренасочуваат кон Турција и ги уверуваат дека таму ги чека удобен живот.
Според официјалните податоци, последните три месеци, со посредство на криумчари на луѓе преку Иран во Турција влегле 27.000 авганистански бегалци.
„Неизбежна е соработката на Турција, Авганистан и Иран во борбата против криумчањето луѓе. Иран во тој контекст е многу значајна алка бидејќи се наоѓа на рутата меѓу Авганистан и Турција“, порача Баракзеј.
Тој додаде дека турските хуманитарни организации им помагаат на авганистанските мигранити и во случај на враќање, им обезбедуваат бесплатни авионски карти и хуманитарна помош.
„Обединетите нации се многу спори во давањето на потребната помош на бегалците. Се надевам дека ќе ја забрзаат помошта за Авганистанците кои сакаат да се вратат во своите домови“, изјави генералниот конзул на Авганистан во Истанбул, Зекерија Баракзеј.