İbrahim Hamdi Hacıcaferoğlu
29 Јуни 2026•Ажурирано: 29 Јуни 2026
Шефицата за надворешна политика и безбедност на Европската Унија (ЕУ), Каја Калас, заедно со еврокомесарката за проширување Марта Кос и еврокомесарот за внатрешни работи и миграција Магнус Брунер на 29 и 30 јуни ќе престојуваат во посета на Турција, јавува Анадолу.
Се очекува Калас, Кос и Брунер да се сретнат со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.
Посетата се реализира во пресрет на самитот на НАТО во Анкара, кој треба да се одржи на 7 и 8 јули.
„Посетата ќе биде можност да се разгледаат односите меѓу ЕУ и Турција, да се разговара за заедничките предизвици во сè понестабилната геополитичка средина и да се истражат дополнителни патишта за соработка, имајќи предвид дека Турција е земја кандидат и сојузник во НАТО“, се вели во соопштението на Унијата објавено во неделата.
Ова ќе биде втора официјална посета на Калас на Турција.