Sarp Özer
19 Јули 2016•Ажурирај: 20 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Управата за верски работи на Република Турција соопшти дека нема да одржи петочна молитва, подготовка и погребување на пучистите што настрадаа за време на предавничкиот напад на државата, народот и на Парламентот на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Услугите за верски обреди и погреб нема да бидат дадени за убиените пучисти и предавници што немилосрдно и свирепо го дигнаа оружјето на невооружениот народ и го бомбардираа Парламентот и другите јавни институции со цел да ја соборат легитимната власт во земјата“, се наведува во соопштението на Управата.
Во соопштението на Управата се наведува дека на адресата на таа установа стигнале голем број прашања во врска со верскиот обред при погребувањето на убиените припадници на терористичката организација ФЕТO/ПДЈ и дека по седницата на Врховниот суд за верски работи, донесена е одлука дека опремувањето, клањањето на погребната молитва и погребните услуги што Управата ги обезбедува за верниците нема да бидат дадени за убиените предавници и пучисти што дигнаа рака на народот и на земјата.
„На погребот се кажува молитва за верниците кои ги загубиле своите животи и насобраните се збогуваат со нив. Овие предавници се предавници на целиот народ и не заслужија да се молиме за нив и да се збогуваме. Меѓутоа, оваа одлука на Управата не се однесува на војниците и на припадниците на безбедносните сили што се најдоа во судирите, а ниту знаеја за што станува збор”, се наведува во соопштението на Управата.