Diyar Güldoğan
27 Мај 2026•Ажурирано: 27 Мај 2026
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес упати честитка по повод муслиманскиот празник Курбан бајрам, јавува Анадолу.
Во својата порака Ердоган го опиша Курбан бајрам како „духовен благослов“ и изрази надеж дека овој празник ќе донесе добрина за Турција, турскиот народ, исламскиот свет и целото човештво.
„До сите наши браќа и сестри што го пречекуваат овој празник со тага, болка и длабока жалост во различните делови на нашата духовна географија, а особено до оние во Газа, во мое лично име и во име на мојата нација им упатувам најсилни пораки за солидарност и на секој поединечно му го честитам празникот Курбан бајрам“, истакна тој.
Милиони верници низ Турција денес се помолија (бајрам-намаз) по повод првиот ден од празникот.
Со овој празник се одбележува подготвеноста на божјиот пратеник Ибрахим да го жртвува својот син по божја заповед, по што Бог во последен момент го замени синот со овен.
Во знак на сеќавање на оваа божествена интервенција, муслиманите принесуваат жртва и го споделуваат месото со сиромашните и со своите роднини.