Fatma Zehra Solmaz
11 Ноември 2026•Ажурирано: 11 Ноември 2026
Првата дама на Турција, Емине Ердоган, го одбележа 11 Ноември – Националниот ден на пошумувањето, изразувајќи благодарност до сите што работат на проширување и заштита на шумските површини во земјата, пренесува Анадолу.
„Среќен 11 Ноември – Националниот ден на пошумувањето. Засадувањето садница во почвата значи придонес кон едно добро дело што ќе продолжи да живее уште многу години“, напиша таа во објавата на социјалните мрежи.
Таа им се заблагодари и на сите во Турција што придонесуваат за ширење на ваквите добри дела и внимателно се грижат за дрвјата и шумите во земјата.