„Кружното село“ во турски Адијаман со својата уникатна архитектура го привлекува вниманието на светот
- Во самото срце на селото се наоѓаат заедничките простории за собир на мештаните, а куќите се подредени околу нив во форма на круг. Благодарение на својата планска структура која му дава уникатна силуета, селото се издвојува како автентичен пример.
Ahmet Arslantaş
19 Јуни 2026•Ажурирано: 19 Јуни 2026
photo: Ahmet Arslantaş / AA
АДИЈАМАН
Изградено по свлечиштето што се случило пред 56 години во турската област Адијаман, селото Кушакаја привлекува големо внимание како едно од најнеобичните рурални населени места во Турција, благодарение на својот кружен урбанистички план, пишува Анадолу.
Селото Кушакаја, кое е поврзано со централниот дел на Адијаман, е преместено на нова локација откако неговото старо подрачје станало ризично за живот поради свлечиштето што го погодило регионот во 1970 година. Во рамките на проектот подготвен по природната непогода, изградбата на селото започнала во 1973 година, и тоа е дизајнирано со несекојдневен кружен план.
Фотографија : Ahmet Arslantaş/AA
Како дел од проектот што селаните го нарекуваат „Солунски проект“, изградени се 82 куќи како помош при катастрофи, кои во 1982 година им биле предадени на сопствениците. И покрај децениите што изминаа, селото со сиот свој сјај ја зачува својата автентична архитектонска структура, а во последниве години стана една од главните станици за патниците, уметничките фотографи и вљубениците во дрон-фотографијата.
Во самото срце на селото се наоѓаат заедничките простори за собир на мештаните, а куќите се подредени околу тие простории во форма на круг. Благодарение на својата планска структура која му дава уникатна силуета, селото се издвојува како автентичен пример меѓу руралните населби во Турција.
Претседателот на месната заедница на селото Кушакаја, Хасари Огуз, со гордост и благодарност во гласот раскажува: „По свлечиштето што го доживеавме, нашата држава тука ни изгради сосем ново село. Оваа кружна форма на нашето село луѓето ја нарекуваат 'Солунски проект'. Ова е прво вакво село за пример во цела Турција. Во тоа време беа изградени 82 дома. Тоа што уште тогаш беше проектирано во ваков прекрасен круг, му дава навистина посебна убавина на нашиот крај.“