Büşra Nur Çakmak
21 Октомври 2026•Ажурирано: 21 Октомври 2026
Канадскиот премиер Марк Карни ќе престојува во официјална посета на Турција на 22 и 23 октомври, на покана на претседателот Реџеп Таип Ердоган, соопшти денес директорот за комуникации на Турција, Бурханетин Дуран, пренесува Анадолу.
Во соопштението објавено на американската платформа за социјални медиуми Х, Дуран рече дека посетата ќе претставува историска пресвртница во билатералните односи, при што се очекува двете земји да ги подигнат односите на ниво на стратегиско партнерство.
За време на посетата Ердоган и Карни ќе ги разгледаат сите аспекти на соработката меѓу Турција и Канада и ќе разговараат за чекорите за натамошно зајакнување на билатералните односи.
„Лидерите, исто така, ќе разменат мислења за актуелните регионални и глобални случувања“, рече Дуран.
За време на посетата се очекува да бидат потпишани и неколку договори што опфаќаат различни области на билатералната соработка.