Diyar Güldoğan
02 Јули 2026•Ажурирано: 02 Јули 2026
Со победа од 2:0 над Босна и Херцеговина, САД рано утрово обезбедија пласман во осминафиналето на Светското првенство 2026 на ФИФА, јавува Анадолу.
Фоларин Балогун им донесе рано водство на Американците, постигнувајќи го својот трет гол на Мундијалот, пред неговиот настап да добие драматичен пресврт.
Балогуна беше исклучен со директен црвен картон откако ненамерно падна врз зглобот на еден босански дефанзивец, поради што ќе го пропушти осминафиналниот дуел на САД против Белгија во Сиетл на 6 јули.
И покрај тоа што останаа со играч помалку, Малик Тилман со прецизен слободен удар ја зголеми предноста на Американците на 2:0.
САД влегоа во нокаут-фазата по групната фаза во која убедливо ги добија првите два натпревара, пред да доживеат пораз со 3:2 од Турција во последното коло.
Во меѓувреме, навивачите на Босна и Херцеговина во регионот на Заливот на Сан Франциско изразија поддршка за Палестина.
Тие извикуваа „Палестина, Палестина“, носејќи палестински и босански знамиња.
Многу навивачи од Босна и Херцеговина ја поддржуваат Палестина затоа што гледаат паралели меѓу она што го преживуваат Палестинците и нивната сопствена историја во војната, етничкото чистење, насилството и раселувањето за време на војната во Босна и Херцеговина 1992–1995 година.