23 Јуни 2023•Ажурирај: 27 Јуни 2023
ВАШИНГТОН (АА) - Францускиот кошаркар Виктор Вембањама очекувано синоќа беше избран за прв пик на НБА-драфтот на Сан Антонио Спарс, јавува Анадолу.
Неверојатно талентираниот 19-годишен Французин, висок 225 сантиметри, на тој начин ќе се обиде да ја врати славата на тимот од Тексас, кој со изборот на Тим Данкан во 1997 година направи договор што му донесе пет шампионски титули во НБА. Иако сѐ уште е тинејџер, Вембањама зад себе има четири сезони во професионалната кошарка во кои играше за француските клубови Нантер 92, Асвел и Метрополитенс 92.
Шарлот Хорнетс го избра крилниот играч Брендон Милер од Универзитетот во Алабама за втор пик, додека Скут Хендерсон, кој играше за развојниот тим на НБА Г лигата Игнајт, беше избран од Портланд Трејл Блејзерс за трет пик.
Редослед на првите десет пика на драфтот 2023: Виктор Вембањама (Сан Антонио Спарс), Брендон Милер (Шарлот Хорнетс), Скут Хендерсон (Портланд Трејл Блејзерс), Амин Томпсон (Хјустон Рокетс), Озар Томпсон (Детроит Пистонс), Ентони Блек (Орландо Меџик), Билал Кулибали (Вашингтон Визардс преку Индијана Пејсерс), Џерис Вокер (Индијана Пејсерс преку Вашингтон Визардс), Тејлор Хендрикс (Јута Џез) и Кејсон Валас (Оклахома Сити Тандер преку Далас Маверикс).