Bekim Laci
25 Октомври 2015•Ажурирај: 26 Октомври 2015
Фудбалерот на Барселона Лионел Меси во интервју за"Yahoo Sports" изјави дека нема потреба на никому да му се докажува и дека сака да продолжи да ужива во фудбалот и во хармонична семејна атмосфера.
Меси моментално се опоравува од повредата на коленото, која ја доби во натпреварот со Лас Палмас, кога ги прекина лигаментите.
Истакна дека фудбалерот на Реал Мадрид, КристијаноРоналдо не го смета за ривал како што тоа го мислат многумина.
"Тоа се работи кои ги зборуваат луѓето.
Не се натпреварувам соКристијано и претпоставувам дека ни тој не се натпреварува со мене. Го сакам само она што е најдобро за мојот тим” ,истакнаМеси.Меси додаде како нема неостварени соништа, туку сака само да ужива во моментите.