Abdulselam Durdak
12 Декември 2015•Ажурирај: 13 Декември 2015
МИНХЕН (АА) - Извршниот одбор на Интернационалната кошаркарска федерација (FIBA) одлучи Европското првенство да 2017 година да се игра ви четири земји, Финска, Израел, Романија и Турција. Завршницата на Евробаскетот 2017 ќе се игра во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Одборот донесе одлука за време на состанокот во Минхен, Германија.
Еден од натпреварите во групите ќе се одржи во салата Абди во Истанбул, а завршниот дел од натпреварувањето ќе се одржи во спортската сала "Синан Ердем", исто така во Истанбул.