Oktaj Omeragik
15 Јуни 2018•Ажурирај: 20 Јуни 2018
СКОПЈЕ (АА) - Денеска е вториот ден од Светското фудбалско првенство, Русија 2018. На програмата се три натпревари од групите А и Б, јавува Anadolu Agency (AA).
По вчерашното отворање на Светското првенство, со натпреварот меѓу репрезентациите на Русија и на Саудиска Арабија, во кој Русија извојува убедлива победа од 5 : 0, денеска ќе се одигра преостанатиот натпревар од групата А меѓу репрезентациите на Уругвај и Египет.

Во репрезентацијата на Уругвај има голем број познати интернационалци, од кои најпознати се голгетерот на Пари Сен Жермен (ПСЖ), Едилсон Кавани, кој оваа година за францускиот прволигаш постигна 28 погодоци и центарфорот на Барселона, Луис Суарез, кој 25 пати ги затресе мрежите на противниците.
Главна перјаница во редовите на Египет е фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, кој за англискиот премиерлигаш сезонава постигна 32 погодоци во 38 натпревари. По повредата во финалниот натпревар од финалето на Лигата на шампиони против Реал Мадрид, под прашање беше неговото учество на СП во Русија. По лекарскиот третман, Салах допатува заедно со репрезентацијата на Светското првенство. Не е познато дали тој ќе го започне натпреварот против репрезентацијата на Уругвај, која е еден од најголемите конкуренти за првите две места во групата кои водат во понатамошната фаза од натпреварувањето. И покрај изјавата на египетскиот селекторот Хектор Купер дека постои голема веројатност, Салах сепак да настапи против Уругвај, Салах натпреварот го следеше од клупата.
Натпреварот кој се одигра на стадионот „Екатеринбург“ во Екатеринбург, започна со доминација на Уругвај, но Египет добро парираше и покрај тоа што играше без својот најдобар играч, Мохамед Салах. Првите 45 минути завршија бе погодок 0 : 0.
Во второто полувреме, како одминуваше времето, Уругвај започна да го стега обрачот пред голот на Египет. Суарез имаше неколку шанси, но не успеа да искористи ниту една.
На додавање на Суарез со глава, Кавани изведе прекрасен волеј, но голманот на Египет не дозволи да се затресе мрежата. Само неколку минути подоцна, Кавани изведе слободен удар, но стативата го спречи погодокот.
Победата на Уругвај му ја донесе Хименез со погодокот постигнат со глава во 90 минута од натпреварот.
Во преостанатите две средби закажани за денеска ќе се состанат репрезентациите од групата Б.
Во првиот натпревар се среќаваат репрезентациите на Мароко и Иран.

Главна ѕвезда во редовите на Мароко е дефанзивецот Мехди Бенатија (Јувентус).
Иран со пласманот на СП Русија 2018, по петти пат учествува во завршницата на светските првенства. Во 12 натпревари во квалификациската фаза, Иран не прими ниту еден погодок. Од таборот на Иран најмногу се истакнува напаѓачот Сардар Азмун (Рубин Казан), кого истовремено го нарекуваат и ирански Меси.
Натпреварот ќе се игра на стадионот „Санкт Петербург“ во Санкт Петербург, со почеток во 17:00 часот.
Последниот натпревар ќе претставува вистинско дерби, бидејќи силите ќе ги одмерат репрезентациите на Португалија и Шпанија.

Не треба многу претпоставки околу клучниот играч на Португалија. Кристијано Роналдо (Реал Мадрид) e четирикратниот најдобар фудбалер на светот, кој четирипати ја освои титулата во Лигата на шампиони и постигна 15 погодоци во квалификациските натпревари за СП Русија 2018.
Покрај Роналдо, репрезентацијата на Португалија има голем број интернационални ѕвезди, како што се Пепе (Бешикташ), Андре Силва (Милан), Бернардо Силва (Манчестер сити) и други.
Боите на Шпанија ги бранат голем број истакнати фудбалски ѕвезди. Андрес Иниеста (Висел Кобе), Жерар Пике (Барселона), Серхио Рамос (Реал Мадрид), потоа Марко Асенсио (Реал Мадрид), Иско (Реал Мадрид), Тиаго Алкантара (Баерн Минхен), голманот Давид де Хеа (Манчестер Јунајтед), Давид Силва (Манчестер Сити)..., се дел од ѕвездите кои ќе настапат на СП 2018 во Русија.
Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Фишт“ во Сочи, со почеток во 20:00 часот.