спорт

Австралиецот Хол победник на шампионатот на акробатски летови „Ред бул ер“

На последната трка на Првенството во јапонскиот град Чиба присуствуваа над 100.000 гледачи

Emrah Oktay  | 09.09.2019 - Обновена : 10.09.2019
Австралиецот Хол победник на шампионатот на акробатски летови „Ред бул ер“

ИСТАНБУЛ (АА) - Пилотот од Австралија, Мат Хол, ја освои титулата првак во возбудливиот и сѐ повеќе популарен Шампионат на акробатските летови „Ред бул ер рејс“ (Red Bull Air Race), пренесува Anadolu Agency (AA).

На последната трка на Првенството во јапонскиот град Чиба присуствуваа над 100.000 гледачи.

Атмосферате беше на врвот кога домашниот пилот Јошихиде Муројаа постави најбрзо време и победи во трката.

Меѓутоа, славењето на домашните навивачи го расипа Австралиецот Хол, кој во Чиба беше третопласиран и со 81 поен стана овогодишен шампион, а неговиот јапонски ривал Мурој заврши како второпласиран, заостанувајќи со само еден поен.

Третото место припадна на чешкиот пилот Мартин Сонка, кој во сезоната собра 68 поени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın