Alyssa Mcmurtry
24 Април 2026•Ажурирај: 24 Април 2026
Шпанскиот премиер Педро Санчез денес ги отфрли наводите според кои Соединетите Американски Држави (САД) размислуваат за суспензија на Шпанија од НАТО, по несогласувањата околу војната со Иран, пренесува Анадолу.
Веста на Ројтерс цитирана од американски официјален претставник кој наведува дека во имејл што кружи интерно во Пентагон биле наведени можни мерки против сојузниците кои не ги поддржуваат американските воени операции, вклучително и предлог кој ја таргетира Шпанија.
„Ние не работиме со електронска пошта, туку со официјални документи и позиции на американската Влада“, изјави Санчез.
„Ставот на Шпанија е јасен: целосна соработка со сојузниците, но секогаш во рамките на меѓународното право“, додаде тој.
Според Ројтерс, во внатрешната комуникација се разгледувале опциите за „казнување” на сојузниците на НАТО, за кои се смета дека не сакале да обезбедат пристап, бази и права за прелет за време на војната со Иран.
Шпанија не дозволи американски воени бази на нејзина територија ниту пак, нејзиниот воздушниот простор да биде користен за операции против Иран.
Ројтерс наведува дека предлогот за суспензија на Шпанија веројатно би имал ограничено оперативно влијание, но значајни репутациски последици. Сепак, договорот на НАТО не содржи официјална клаузула за суспензија, што го прави механизмот нејасен.
Во имејлот, исто така, се сугерира дека Вашингтон размислува за ревизија на својот дипломатски став кон долготрајните европски „империјални поседи”, како што се Фолкландските Острови – територија под контрола на Обединетото Кралство на која претендира Аргентина.
Американскиот претседател Доналд Трамп во повеќе наврати ги критикува сојузниците во НАТО, за како што рече тој, недоволна поддршка и отвори можност за намалување на обврските на САД кон Алијансата.