Berk Kutay Gökmen
14 Октомври 2026•Ажурирано: 14 Октомври 2026
Шест лица што се наоѓале во мал авион загинале откако леталото се урнало во американската сојузна држава Висконсин, соопштија властите, јавува Анадолу.
Несреќата се случила вчера околу 21:31 часот по локално време, во градот Делона, на околу 64,4 километри северозападно од Медисон, главниот град на Висконсин.
Во соопштението на Канцеларијата на шерифот на округот Сок се наведува дека во несреќата загинале пет возрасни лица и едно дете. Засега не се објавени идентитетите на загинатите.
Според соопштението, првичните информации не укажуваат на оштетувања на објекти или повредени лица на земјата.
Федералната управа за воздухопловство и Националниот одбор за безбедност во сообраќајот ќе им помогнат на локалните власти во истрагата за несреќата, се наведува во соопштението.