İlayda Çakırtekin
09 Јуни 2026•Ажурирано: 09 Јуни 2026
Шведската Влада најави планови со кои ќе се овозможи конфискација на имоти што претставуваат закана за безбедноста на земјата, јавува Анадолу.
„За да се спречи сопственоста врз имот што претставува безбедносна закана, започнува ревизија со цел да се предложат амандмани на Законот за експропријација“, се наведува во писменото соопштение на шведската Влада.
Цел на Владата е да овозможи сопствениците на овие имоти да можат да бидат принудени да го пренесат правото на сопственост врз одреден имот.
„Ова значи дека државата ќе добие нов механизам за спречување на лица кои користат недвижности, на пример, за планирање саботажи или за шпионирање на Шведска. Гледаме дека постојат ситуации во кои сопственоста на имот може да претставува закана за нашата земја. Затоа, треба да го прегледаме законодавството за да може да дејствуваме порешително кога е потребно“, изјави министерот за одбрана Пол Јонсон.
Во соопштението се посочува дека Шведска во моментов има ограничени можности за конфискација на имоти во случаи кога сопственоста може да претставува безбедносен ризик.
Новата истрага ќе го анализира постојниот закон и ќе предложи нова правна основа за експропријација, која би овозможила постапка против имоти што се користат на начин што ја загрозува безбедноста.