İlayda Çakırtekin
30 Јуни 2026•Ажурирано: 30 Јуни 2026
Четири лица починале вчера и денес поради високите температури во Италија, каде што за денес и утре 25 града се ставени под црвено предупредување, објави „Скај ТГ24“, пренесува Анадолу.
Од вчера до денес починале 86-годишен маж и 74-годишна жена што веќе биле хоспитализирани во Џенова, 64-годишен молер што работел во хотел во Падова, како и 55-годишен марокански земјоделски работник во Мантуа.
Бидејќи високите температури продолжуваат низ земјата, во 25 града денес и утре на сила е црвено предупредување.
Сепак, во некои делови од Италија жешкото време го заменија грмежи и дожд.
Во Тоскана од невремето паднаа повеќе дрвја и се наруши сообраќајот.
Се очекуваат врнежи и грмежи и подоцна во текот на денот, особено на Алпите и во внатрешните подрачја на Централна и Јужна Италија.