Melike Pala
21 Октомври 2026•Ажурирано: 21 Октомври 2026
Борбен авион „Мираж 2000Д“ на француското воено воздухопловство се урна за време на тренажен лет во североисточна Франција, при што загина пилотот, а навигаторот се води како исчезнат, соопшти денес француското Министерство за вооружени сили, јавува Анадолу.
Авионот, кој полетал од воздухопловната база Нанси-Ошеј, се урнал доцна синоќа во департманот Мерт и Мозел, во близина на градот Нанси, објави француската телевизија БФМТВ.
Во екипажот имало двајца членови – пилот и навигатор.
Властите ја потврдија смртта на пилотот, додека потрагата по исчезнатиот навигатор продолжува.
Несреќата се случила околу 23:35 часот по локално време (21:35 часот по Гринич), во област меѓу селата Рожевил, Домевр-ан-Е и Трамблекур, северно од Нанси.
Анри Лемоан, градоначалникот на блискиот град Пон-а-Мусон, изјави дека во областа биле распоредени значителни полициски и противпожарни сили.
Остатоци од авионот биле лоцирани со помош на дрон, но властите не објавиле дополнителни детали додека продолжувале итните операции, соопшти Лемоан во објава на Фејсбук.
Во Рожевил бил формиран кризен координативен центар, додека локалните власти предупредија на можни нарушувања во сообраќајот во околината.
Отворена е судска истрага за утврдување на околностите и причината за несреќата.