Fatma Esma Arslan
05 Јануари 2017•Ажурирај: 06 Јануари 2017
ПАРИЗ (АА) – Во Франција му се суди на земјоделец кој им помагал на бегалците да ја преминат француско-италијанската граница, и да се засолнат во Франција, јавува Anadolu Agency (AA).
Седрик Хероу, 37-годишен француски земјоделец е изведен пред судот во Ница, поради тоа што им помагал на бегалците да ја преминат француско-италијанската граница и да влезат во Франција.
Обвинителството побара условна затворска казна од 8 месеци за обвинетиот, а доколку се потврди дека е виновен, тој ќе треба да плати и парична казна до 30.000 евра.
Хероу, кој се занимава со земјоделство во регионот во близина на границата со Италија, во октомври 2016 година сместил околу 50 бегалци од Еритреја во една стара зграда што им припаѓа на државните железници.
Локалните општински службеници ги пријавија бегалците за неовластено користење на објектот. Хероу, кој беше изнесен пред суд, изјави дека дури и во својот дом засолнил бегалци, меѓу кои имало и деца.
Се очекува судскиот процес да се разреши на 10. февруари.