Ekipa
21 Септември 2016•Ажурирај: 22 Септември 2016
МАРИЈАНОСТРА (АА) - Унгарските затвореници го зголемија производството на бодликава жица, работејќи прекувремено, додека Унгарија се подготвува да изгради уште една ограда на границата со Србија, со цел да се спречи влегувањето на бегалците и мигрантите, јавува Anadolu Agency (AA).
Освен за подигање на ограда на границата со Србија, Унгарија планира жицата да ја продаде или донира заедно со столбови на другите земји во регионот, како што се Словенија и Македонија.
Организациите за човекови права сметаат дека оградата која беше поставена минатата година на границата е првиот чекор на Владата на премиерот Виктор Орбан за укинување на системот за азил во земјата.
Хелсиншкиот комитет на Унгарија смета дека изградбата на оградата, затворањето на центрите за азил и другите мерки го уништуваат на системот за азил.