Ahmet Emin Dönmez
20 Март 2023•Ажурирај: 23 Март 2023
ЈАУНДЕ (АА) - Вооружена група уби девет кинески државјани во нападот извршен на рудникот за злато во градот Бамбари во Централноафриканската Република (ОАЦ), известува Анадолу.
Според вестите што ги објавија националните медиуми, засега неидентификувани вооружени лица извршиле напад на рудникот на кинеската компанија „Gold Coast Group“ во селото Чингболо, во подрачјето на градот Бамбари, оддалечен 400 километри североисточно од главниот град Банги.
Напаѓачите ја ограбиле механизацијата што се наоѓала на подрачјето на рудникот и станбените простории, притоа убивајќи девет кинески рудари.
Компанијата „Gold Coast Group“ започнала со своите активности во регионот пред пет дена.
Во реонот е започната операција за пронаоѓање на напаѓачите.
Во ОАЦ, пред три дена, членовите на бунтовничката група, наречена Коалиција на патриоти за промени (КПЦ), го нападна рудникот во близина на селото Гбембо во регионот Нана-Мамбере и киднапира тројца кинески рудари.