Burak Bir
02 Декември 2021•Ажурирај: 03 Декември 2021
АНКАРА
Турскиот министер за надворешни работи денеска повика со дипломатија да се реши кризата во Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Кризата во Украина треба да се реши преку дипломатија. Важни се Договорите од Минск и усогласеноста со меѓународното право“, истакна Мевлут Чавувоглу за време на неговото обраќање на 28. состанок на Советот на министрите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Стокхолм, Шведска.
„Турција нема да ја признае легалната анексија на Крим“, повтори Чавушоглу, искажувајќи ја загриженоста на Анкара за кршењето на човековите права на кримските Татари.
Долгогодишните тензии околу руската анексија на Крим во 2014 година се влошени од сепаратистите поддржани од Русија на источниот граничен регион Донбас, заедно со неодамнешното руско воено распоредување, осудено од страна на Западот.
Пред распоредувањето, Русија ја обвини Украина за провокација, обвинување кое Киев го одби.
- Договори од Минск
Договорите од Минск беа потпишани за да се запре конфликтот кој е во тек помеѓу проруските сепаратисти и управата на Киев.
Договорите од Минск вклучуваа прекин на огнот во регионот и размена на затвореници, како и дозвола на Киев за уставен амандман со кој Донбас ќе добие специјален статус.
Проруските сепаратисти, пак, требаше да го повлечат оружјето од украинско-руската граница.
Како и да е, имплементацијата на договорите е попречена бидејќи двете страни се обвинуваат една со друга за прекршување на Договорот за прекин на огнот.
- Предизвици во зоната на ОБСЕ
За ОБСЕ, за кое Чавушоглу рече дека е „далеку од кооперативниот дух од 1975 год.“, турскиот врвен дипломат ги повика страните да го оживеат духот на соработката со елиминирање на недостигот на доверба помеѓу земјите членки.
„Безбедносните предизвици во зоната на ОБСЕ треба ефикасно да се решат“, рече тој.
„Во Јужен Кавказ, има прозорец на можности за траен мир. Копретседателите на групата Минск, заедно со постојаните членки на групата, исто така, можат да дадат придонес базиран на новата реалност“, тврдеше Чавушоглу.
„Напорите за мирни и одржливи решенија во Грузија и Молдавија треба да продолжат“, додаде тој.
Осврнувајќи се на порастот на ксенофобијата, исламофобијата и антисемитизмот во земјите на ОБСЕ, Чавушоглу истакна дека тие не можат да замижат пред овие опасни трендови, кои тој ги нарече „закани за заедничките вредности“.