Necva Taştan
22 Мај 2024•Ажурирај: 23 Мај 2024
ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије денес ги поздрави најавите на Шпанија, Ирска и Норвешка за признавањето на Палестина како држава, јавува Анадолу.
„Многу сме задоволни од најавите на Шпанија, Ирска и Норвешка дека ќе ја признаат државата Палестина“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.
„Признавањето на Палестина е нужно за меѓународното право, правда и совест. Тоа е исклучително важен чекор за обновување на узурпираните права на палестинскиот народ под окупација и за Палестина да го постигне статусот што го заслужува во меѓународната заедница“, нагласи Министерството.
„Како Туркије ќе продолжиме да вложуваме напори повеќе земји да ја признаат Палестина“, се додава.
Официјалното признавање на постоењето независна палестинска држава од страна на трите земји ќе стапи на сила на 28 мај, најавија нивните лидери.