Muhammed Yasin Güngör
19 Октомври 2026•Ажурирано: 19 Октомври 2026
Американскиот претседател Доналд Трамп денес ја критикуваше телевизиската мрежа „Фокс њуз“, обвинувајќи ја дека ѝ посветува премногу време на одбраната и промовирањето на неговите противници од Демократската партија, јавува Анадолу.
„'Фокс' посветува повеќе време на бранењето на демократите и на пренесувањето на нивните ставови отколку на ставовите на нивните републикански противници, повеќе отколку во кој било период од историјата на 'Фокс њуз'“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут соушал.
Уредувачкиот пристап на телевизијата тој го нарече „смешен“, тврдејќи дека таа „премногу се труди да биде политички коректна“.
Американскиот претседател ги повика поддржувачите да ја заобиколат оваа телевизиска мрежа и да го следат неговиот митинг во сојузната држава Канзас преку мрежата „Рајт сајд бродкастинг нетворк“ (РСБН).
Критиките следуваат по серијата незадоволства што ги изрази американскиот претседател, кој и претходно ја обвини телевизијата дека им посветува повеќе време на кандидатите што не се републиканци.
Иако традиционално се смета за медиум наклонет кон конзервативните ставови и поддржувач на политичката агенда на Трамп, „Фокс њуз“ повремено јавно е прекорувана од американскиот претседател, кој генерално одржува конфронтирачки однос кон големите медиумски организации.