Berk Kutay Gökmen
16 Јуни 2026•Ажурирано: 16 Јуни 2026
Американскиот претседател Доналд Трамп денес му предложи на Израел да ѝ препушти на Сирија „да се погрижи за Хезболах“ во Либан, јавува Анадолу.
Говорејќи за новинарите во Франција, Трамп изјави дека „човекот што сега управува со Сирија е личност што тој ја поставил таму“ и дека тој е „исклучително одговорен за Сирија“.
„Заедно со (турскиот) претседател (Реџеп Таип) Ердоган и уште неколкумина други, тој завршува неверојатна работа во стабилизирањето на земјата.“
„Тој не е без мани, но заврши неверојатна работа во нејзиното консолидирање, тој е многу добар.“
Критикувајќи израелскиот пристап во Либан, Трамп, исто така, рече дека му предложил на Израел да ѝ дозволи на Сирија наместо нив да се соочи со Хезболах.
„Му предложив на Израел да ѝ препушти на Сирија да се погрижи за Хезболах бидејќи, да бидам искрен со вас, мислам дека тие би завршиле подобра работа во тоа“, рече тој.
„Ако Израел не може да ја заврши работата (против Хезболах) без да ги убие сите други, тогаш (Шара) ќе ја заврши работата. Сирија ќе ја заврши работата“, додаде тој.