?????
07 Ноември 2015•Ажурирај: 07 Ноември 2015
По повод годишнината од нападот ивршен од страна на Црвената армија на 07.11.1941 година против нацистичка Германија, во Москва на Црвениот плоштад се одржа свечена воена парада, јавува Anadolu Agency.
На Црвениот плоштад, се организираше парада од страна на претседателската воена гарда и униформирани војници на армијата од тогашниот Совјетски Сојуз, на свеченоста присуствуваа околу 5.500 граѓани од кои и невладини организации, и некои училишта со нивните ученици.
На воената парада во Црвениот плоштад, беа донесени и некои тенкови, пушки и топови кои биле искористени за време на Втората Светска Војна.
На свеченоста присуствуваше и градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин.
Првaта голема офанзива врз нацистичките сили почна по воената парада на Црвениот плоштад 1941 година.
И покрај склучениот пакт за ненапаѓање, Хитлер, во јуни 1941 година го нападна Советскиот сојуз и до зимата нацистичката војска стаса до предградјето на Москва, но Црвената армија после жестоките борби успеа да го одбрани градот.