Ikrame Imane Kouachi
04 Ноември 2026•Ажурирано: 04 Ноември 2026
Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара денес допатува во саудискиот главен град Ријад, на чело на делегацијата на високо ниво, во посета на Кралството, објави државната сириска новинска агенција САНА, пренесува Анадолу.
Во составот на делегацијата се министрите за надворешни работи и иселеници, за одбрана, за финансии и за индустрија, како и шефот на Генералниот директорат за разузнавање, наведе САНА.
Ал-Шара последен пат го посети Ријад на 6 октомври, пред помалку од еден месец, кога се сретна со саудискиот престолонаследник Мухамед бин Селман. Тие разговараа за обновата на Сирија, привлекувањето саудиски инвестиции и проширувањето на билатералната соработка во повеќе сектори.