Amir Latif Arain, Medina Choreska
11 Ноември 2026•Ажурирано: 11 Ноември 2026
Северна Кореја тестираше ново торпедо со голема брзина, кое следната година ќе биде воведено во вооружувањето на морнарицата на земјата, објавија државните медиуми, пренесува Анадолу.
Испитувањето на вооружениот систем од „нов тип“, заеднички развиен од научноистражувачките институти за одбрана на Пјонгјанг, било спроведено во понеделникот во Источното Море, објави државната Корејска централна новинска агенција.
Академијата за одбранбени науки, Управата за ракети и Бирото за истражување на торпедно вооружување ја потврдиле борбената ефикасност на оружјето.
Тестирањето е дел од „задолжителните активности“ на научноистражувачките институти за одбрана, насочени кон унапредување на технологијата на вооружените системи.
Морнарицата ќе биде опремена со овој вооружен систем од почетокот на 2027 година.
Најновото тестирање се случи по неколку дена откако Северна Кореја истрела речиси десетина балистички ракети кон Источното Море и спроведе тестирање на боеви глави со касетна муниција наменети за тактички балистички ракети.