Ömer Erdem
03 Јануари 2020•Ажурирај: 03 Јануари 2020
КАРТУМ
Суданската Војска соопшти дека осумнаесет лица го загубија својот живот како резултат на несреќата на воен авион во суданската сојузна држава Западен Дарфур, јавува Агенција Анадолија (АА).
Амир Мухамед, портпарол на суданската Војска, во изјава за медиумите нагласи дека воениот карго авион од типот „Антонов-12“ се срушил 5 минути по полетувањето од аеродромот во градот Генеина.
Мухамед истакна дека во несреќата смртно настрадале 18 лица.
Тој рече дека немало преживеани во несреќата на авионот во кој се наоѓале 11 патници, од кои 4 деца, и 7 членови на екипажот.