Mücahit Aydemir
21 Август 2020•Ажурирај: 22 Август 2020
ТРИПОЛИ
Либискиот премиер Фаиз ес Сераџ на сите воени сили во земјата им нареди итно примирје и прекинување на воените операции, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на либиската Влада, Сераџ на сите воени сили во земјата им наредил итно примирје и прекинување на воените операции врз основа на националната и политичката одговорност, на ситуацијата во која се наоѓа земјата и регионот и врз основа на условите на пандемијата.
Сераџ нагласи дека за вистинско примирје потребно е Сирте и Џуфра да бидат демилитаризирани зони.
Тој рече дека нивната конечна цел е осигурување на сувереноста на сите територии на Либија, како и тоа, од земјата да бидат отстранети платените и странските војници.
Според него, потребно е повторно да започне производството во нафтените полиња и пристаништа.
Сераџ побара нафтените приходи да бидат трансферирани на специјална сметка на Националната нафтена компанија во Централната банка, да нема заштеда во овие приходи сѐ додека да се постигне сеопфатен политички поредок врз основа на резолуциите кои произлегоа од Берлинската конференција и сѐ додека да се обезбеди транспарентна и добра администрација со помош на Обединетите нации (ОН) и Мисијата на ОН за поддршка на Либија.
Либискиот премиер упати апел во март да се одржат парламентарните избори и изборите за Претседателскиот совет врз основа на уставните одредби за кои ќе се согласат сите Либијци.