Kanyshai Butun
05 април 2026•Ажурирај: 05 април 2026
ИСТАНБУЛ (АА) – Руски борбен авион „Су-30“ се урна денес на полуостровот Крим, што Москва го анектираше во 2014 година, јави државната новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана, пренесува Анадолу.
„Екипажот на авионот се катапултираше и беше евакуиран од копнен тим за пребарување и спасување. Нема закана по животите на пилотите“, соопшти Министерството во официјалната изјава.
Според соопштението, леталото паднало околу 11:00 часот по Гринич, за време на планиран тренинг-лет, а е нагласено дека авионот не носел муниција.
Ова е втор ваков инцидент во текот на оваа недела. Претходно, Русија потврди дека воен транспортен авион „Ан-26“ се урна на полуостровот Крим за време на редовен лет, при што загинаа 29 лица.
Министерството тогаш соопшти дека во авионот се наоѓале 23 патници и шест члена на екипажот.