Emre Aytekin
25 Јануари 2017•Ажурирај: 26 Јануари 2017
АНКАРА (АА) – Руските инженери успешно го тестираа новото оружје со електромагнетен механизам за исфрлање, кој постигнува доволно голема брзина за да пробие секаков вид на оклоп, јавува Anadolu Agency (AA).
Инженерите од одделот за истражување на висок притисок на Институтот „Шатура“, кој се наоѓа во близина на главниот град Москва, изјавија дека завршиле со тестирањето на новото оружје, кое наместо механизмот за иницирање и исфрлање користи технологија за да може да направи истрел со помош на акумулирана електромагнетна енергија.
Новото технолошко оружје прави истрел со помош на електромагнетната сила што се наоѓа на двете страни од цевката на оружјето.
Експертите истакнаа дека тестираните куршуми можат да постигнат брзина до 3 километри во секунда. Во видеото што го објавија тие се гледа дека испуканиот 15-грамски пластичен цилиндар пробива низ алуминиумска плочка дебела неколку сантиметри.
Обично брзината на куршумот од конвенционалните оружја е меѓу 330 и 800 метри во секунда, во зависност од калибарот на куршумот, дијаметарот на цевката и од внатрешните жлебови на цевката.
„Сега можеме да направиме механизми коишто ќе постигнат брзина до 4,5 километри во секунда“, вели директорот на институтот, Алексеј Шурпов, истакнувајќи дека електромагнетното оружје е пресвртна точка во студиите на високоенергетска физика.
Од друга страна, Американците спроведуваат студии за примена на истата технологија на топови со големи димензии. Министерството за одбрана на САД соопшти дека оваа година, како и следната, ќе ги направат првите тестирања на море на топовите што исфрлаат проектили од 20 килограми со електромагнетен механизам за исфрлање.