Diyar Güldoğan
21 Октомври 2026•Ажурирано: 21 Октомври 2026
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин би можело да присуствува на самитот на Групата 20 (Г20) во Мајами, иако Вашингтон сè уште нема добиено потврда за неговото учество, јавува Анадолу.
„Постои можност Путин да дојде и на самитот во Мајами, иако за тоа немаме потврда“, им рече Рубио на новинарите во Индија.
Рубио одговараше на прашања дали рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ќе присуствува на самитот на Г20 во Мајами или на состанокот на министрите за надворешни работи во Атланта.
„Па, Русите се поканети да бидат дел од Г20; претседателот ја донесе таа одлука. Според тоа, очигледно е дека тие ќе бидат претставени на секој од овие самити.“
На прашањето дали Лавров лично ќе присуствува на состанокот во Атланта, Рубио одговори дека не знае, но претпоставува дека е можно. „Не знам дали тој лично ќе дојде. Претпоставувам дека е можно. Мислам дека така ни кажа при нашиот последен контакт. Тие се дел од Г20, па затоа ќе бидат присутни на тој состанок“, изјави Рубио.