Hasan Esen
28 Мај 2017•Ажурирај: 29 Мај 2017
БРИСЕЛ (АА) - Белгискиот кралски двор го налути рекламата на американската компанија „Burger King“ (Бургер Кинг), која пред доаѓањето на белгискиот пазар во реклама на интернет страница им го постави прашањето на Белгијците кој е вистински крал „ Burger“ или Филип, јавува Anadolu Agency (AA).
Компанијата „Burger King“ во јуни ќе ја отвори својата прва продавница во Белгија, а со несекојдневен маркетинг трик веќе стигна до насловните страници на белгиските медиуми.
Интересно е тоа што корисниците на интернет кои ќе одговорат дека „Burger“ е вистинскиот крал добиваат честитка, а оние кои ќе се одлучат за „Филип“ го добиваат потпрашањето: „Дали сте сигурни, тој нема да ви подготвува помфрит“, за на крајот да им остане единствената опција за одговор дека „не се сигурни“.
Гласноговорникот на белгиската кралска палата, Пјер Емануел де Бау, изјави дека компанијата „Burger King“ не ја побарала неопходната дозвола за користење на имиња и фотографии на кралот Филип за рекламата.
„Не го одобруваме таквиот потег, а не би одобриле и да беше побарана дозвола бидејќи станува збор за реклама со цел стекнување на профит“, рече Де Бау.
Белгиската државна новинска агенција „BELGA“ јавува дека кралската палата наскоро ќе стапи во контакт и ќе побара образложување од управата на американската компанија.