Muhammed Yasin Güngör
03 Септември 2026•Ажурирано: 03 Септември 2026
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кој беше приведен од САД во јануари, денес побара од федералниот судија во Њујорк да ги отфрли обвиненијата против него за трговија со дрога и наркотероризам, објави „Блумберг“, пренесува Анадолу.
„Овој суд нема надлежност во однос на господинот Мадуро, кој е признаен од Боливарската Република Венецуела како нејзин шеф на државата“, се наведува во поднесокот на неговиот правен тим до судот.
Шеесет и тригодишниот венецуелски лидер и неговата сопруга Силија Флорес во моментов се наоѓаат во притвор без можност за кауција во Метрополитенскиот притворски центар во Бруклин, Њујорк. Тие беа префрлени во САД во јануари по американската воена операција во Каракас, при која беа заробени.
И двајцата се изјаснија дека не се виновни по обвиненијата дека соработувале со наркокартели за шверц на кокаин.
„Јас сум чесен човек. Сѐ уште сум претседател на мојата земја“, изјави Мадуро за време на неговото прво појавување пред судот.
Американскиот судија го закажа почетокот на судењето за 1 јуни 2027 година. Засега не е познато дали судот ќе го прифати аргументот на одбраната за суверен имунитет. Доколку биде прогласен за виновен, венецуелскиот лидер би можел да се соочи со доживотна затворска казна.