свет

Популарно нуркачко место во Црвеното Море - подводен рај со риби кловнови и анемони

„Градот на анемони“ претставува честа дестинација за морските биолози, подводните фотографи и авторите на документарни филмови, кои ја истражуваат сложената рамнотежа на коралните екосистеми во Црвеното Море

Aida Cako  | 07.08.2025 - Обновена : 08.08.2025
Популарно нуркачко место во Црвеното Море - подводен рај со риби кловнови и анемони Фото: Tahsin Ceylan / АА

Скопје

Популарното нуркачко место во Црвеното Море, познато како „Град на анемони“, привлекува внимание поради богатството на подводен живот, особено поради густата популација на морски анемони и живописните риби кловнови, јавува Анадолу.

Рибата кловн од родот Амфиприон, живее меѓу пипалата на анемоните, каде што добива заштита од предатори.

За возврат, рибите ги бранат анемоните од закани како што се рибите пеперутки или тропските морски риби и им обезбедуваат хранливи материи преку остатоците од храна.

Оваа симбиоза, која долго време се сметала за коменсализам — однос каде корист има само една страна — денес се признава како вистински пример на мутуализам, каде што и анемоните и рибите имаат придобивки од меѓусебната интеракција.

„Градот на анемони“ претставува честа дестинација за морските биолози, подводните фотографи и авторите на документарни филмови, кои ја истражуваат сложената рамнотежа на коралните екосистеми во Црвеното Море.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.